19/04/2024
Дебрца

Општина Дебрца и Здружението „Екоменлог“ организираат посета на земјоделскиот саем „Нови Сад 2019“

Општина Дебрца со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца организираат дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2019”, Република Србија, кој ќе се одржи од 11-17 Мај 2019 година.

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.

Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.

Посетата на саемот е планирана за 13 и 14 Мај 2019 година, со едно ноќевање.

Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето (околу 20-25 евра ноќевање со појадок).

Заинтересираните земјоделци и други граѓани Ве очекуваме да се пријавите најдоцна до 01.Мај 2019 година, во општина Дебрца.