20/04/2024
Дебрца

Општина Дебрца континуирано ги помага активностите на црковните одбори

Општина Дебрца континуирано ги помага активностите на црковните одбори.

„Во оваа прилика ќе потенцирам неколку такви активности кои со општинската механизација или на друг начин сме ги помогнале од почетокот на оваа година:

изградбата на црквата „Св.Јован”, во село Белчишта,
осветлување на црквата „Св.Василије”, село Белчишта,
чистење на дворното место во црквата „Св.Никола”, село Велмеј,
чистење на патот и дворното место на црквата „Св.Никола”, село Издеглавје,
чистење на речното корито и заштита од поплава на црква „Св.Василије”, село Велмеј,
доуредување на дворното место во црква „Св.Варвара”, село Сливово,
помош со механизацијата за почетокот на изградбата на црквата „Св.Петка”, село Лешани,
320 метри црево за водоснабдување на црква „Св.Кирил и Методиј”, село Песочани,
вода за пиење на манастир „Св.Недела”, село Оровник,

Во изминатите две години помогнавме или реализиравме :

асфалтирање на патот до и пред црква „Св.Никола”, село Белчишта,
асфалтирање на пат до црква „Св.Атанасије”, село Арбиново,
асфалтирање на улица до црква „Св.Ѓорѓија”, село Врбјани,
асфалтирање на паркинг пред црква „Успение на Пресвета Богородица”, село Волино,
тампонирање на пат до црква „Св.Петар и Павле”, село Брежани,
уредување со бекатон плочки на плато во двор на црка „Св.Спас“, село Годивје,
уредување со бекатон плочки на влез во манастир „Св.Јован”, село Слатино,
уредување со бекатон плочки на дел од дворно место во црква „Св.Варвара“, село Сливово,
градежен материјал ( камен ) за црква „Успение на Пресвета Богородица”, село Волино и црква „Св.Никола”, село Горенци,
пробивање и чистење на пристапен пат до црква „Св.Атанасије”, село Горенци,
чистење на свлечиште кај црква „Св.Петка”, село Оровник,
чистење на пат и дворно место кај црква „Св.Петка”, село Требеништа,
чистење на пат и дворно место кај црква „Св.Петар и Павле”, село Врбјани,
чистење на дворно место во црква „Св.Климент”, село Климештани,
финансиска помош за тековни проекти за црковните одбори (село Сливово, село Велмеј, село Злести, село Белчишта, село Волино, манастир „Си Свети”, село Лешани и др.)

Продолжуваме да помагаме, подадената рака кон Господ никогаш не останува празна.“ – истакна градоначалникот Зоран Ногачески.