29/03/2024
Дебрца

Општина Дебрца одобри 30.000 денари за лекување на Мартин Стојаноски

Советот на општина Дебрца, вчера едногласно одобри 30.000 денари за лекувањето на Мартин Стојаноски од Струга.

„На Мартин му посакуваме успешно закрепнување и исполнување на неговата желба да се врати меѓу стативите на фудбалските терени, како и да продолжи неговата огромна љубов кон хармониката. Да бидеме хумани и помогнеме на Мартин и неговата младост,“ – истакна првиот човек на Дебрца, Зоран Ногачески, на чиј предлог беше ставена точката на дневен ред.