29/03/2024
Дебрца

Општина Дебрца продолжува да инвестира во образованието

Заврши уште една учебна година во основното образование.

„Накратко, сумираме што имплементиравме како локална самоуправа за нашите ученици:

  • за првпат воведовме ужинка за сите ученици, за што од буџетот издвоивме околу 1.300.000 денари,
  • со поддршка на фондацијата “ Капинков ” обезбедивме училишен прибор за првачињата,
  • обезбедивме превоз за еднодневните ученички екскурзии и за други наставни активности,
  • обезбедивме надгледни средства за училиштето, вредност 100.000 денари,
  • обезбедивме финансиска поддршка за талентираните ученици за учество на регионални и државни натпревари,
  • за првпат доделивме парични награди за Првенец и ученици на генерацијата, вредност 30.000 денари,
  • градоначалникот на општината беше генерален покровител на Училишниот атлетски крос,
  • финансиски го помогнавме оддржувањето на отворените фудбалски школи,
  • го плативме осигурувањето за сите ученици,
  • обезбедивме средношколски и студентски стипендии.

И додека учениците се на заслужениот летен распуст ќе работиме на подобрување на условите во основното образование:

  • инсталирање на централно греење во основните училишта во село Мешеишта и село Требеништа,
  • замена на котелот за греење во училиштето во село Лешани.

Ученици, среќен распуст, се гледаме во Септември.“ – информираат од Општина Дебрца.