Општина Дебрца со грант од УНДП набави нови канти за отпад

Општина Дебрца набави нови 350 канти за собирање на отпад, од по 360 литри во рамки на Проектот „Унапредување на општинското владеење“. Проектот е финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Истиот е во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, а врз основа на предложен приоритетен проект од Општината.

Вредноста на грантот изнесува 26.000 евра и покрај набавката на канти се изработуваат и два стратешки документи, Интегриран план за развој на општината и Локален еколошки акционен план / ЛЕАП.

„Кантите нема да ги продаваме, практика која со донираните канти ја применуваше претходната локална власт.

Истите врз основа на утврден план од Јавното претпријатие ќе бидат поставени на јавни површини (плоштадите, училиштата, јавни објекти, спортски игралишта, верски објекти) во сите села во општината.

Посебно акцентот ќе биде ставен на селата од Горна Дебрца, каде Јавното претпријатие ќе започне со организирано собирање на комуналниот отпад.“ – вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.