19/04/2024
Охрид

Општина Охрид изготвува Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за период 2019-2025

Општина Охрид со цел изготвување на ТРЕТ ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План) ги повикува граѓаните да земат активно учество во идентификација на проблемите со животната средина  и да го дадат своето мислење за сегашната состојба.

Со пополнување на анкетниот прашалник граѓаните ќе придонесат за ефикасно справување со предизвиците во сопственото место на живеење за доброто на сите.

Прашалникот може да го пополните на следниот линк.