28/03/2024
Охрид

Општина Охрид ја унапредува соработката со Европската мрежа на езера

Општина Охрид активно учествуваше во работата на петтиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера, како и деветтото издание на Фестивалот на езерата.

Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој имаше своја презентација на работната средба на партнерите од Европскиот конзорциум, која се однесуваше на реализацијата на продолжителните активности од Проектот Laktive Tourism одржани во Охрид (7-11 Мај 2018 ). Тој предложи  аплицирање за втора фаза од европскиот партнерски проект за продолжување на туристичката сезона и  посочи конкретни можности за заедничко аплицирање со предлог проекти од различни Програми на Европската Унија.

Европската мрежа на езера има своја мисија која се однесува на валоризација на европските езера од различни аспекти: туристички, економски, културен, социјален  и еколошки, соработка, размена на искуства и зближување на луѓето од европските држави. Оваа Европска асоцијација е од отворен карактер и на петтиот глобален состанок ги претстави своите нови членки – езера од Унгарија, Грција, Франција и Португалија.

Во периодот од 2-5 Јуни 2018 во Исео, Италија се одржаа бројни културни, музички , спортски и промотивни настани на кои присуствуваа голем број на жители од Ломбардија и туристи од различни европски држави.