28/03/2024
Охрид

Општина Охрид: Од ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со погрешна математика

Општина Охрид испрати реакција до медииумите во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Откако четири години со прст не мрднаа за Охрид во безидејноста и немањето визија за решавање на проблемите, од ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со погрешна математика.

Вкупниот долг на Општина Охрид по сите основи заклучно со 30. 09 2017 година изнесуваше 1 616 000 000 денари од кои што во текот на 2017- 2018 година од сопствен буџет се исплатени 100 000 000 денари. Со процесот на раздолжување беа исплатени 500 000 000 денари , 260 000 000 остварени заштеди со намалување камати од страна на доверители, за 192 000 000 денари се склучени спогодби кои тековно се сервисираат од сопствен буџет.

На сите склучени спогодби од 30.09 2018 година не течат камати, не се исплаќаат извршители . Долг којшто не е под спогодби , односно има сопствени налози за извршување е во износ од 134 000 000 денари. Овој долг заедно со каматите ќе биде предмет на следниот повик за раздолжување и финално деблокирање на општината. Според математиката на ДПМНЕ излегува дека вратиле долг од 800 000 000 денари, во превод тоа се два годишни буџети на Општина Охрид , што е едноставно невозможно. А , во буџетот за општината за период од четири години издвоиле 100 000 000 денари. Кој лаже???“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.