29/03/2024
Охрид

Општина Охрид организира заеднички дочек на Новата година

На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.

Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020 година, каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.