29/03/2024
Охрид

Општина Охрид со итна реакција по излевањето на нафтена дамка во каналот Студенчишта

Во врска со нафтената дамка која рано утрово се појави во каналот Студенчишта, од Општина Охрид информираат дека на лице место веднаш излегоа сите надлежни институции.

Покрај претставниците на локалната самоуправа, на терен излезе и надлежниот Државен Инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направи вонреден инспекциски надзор, како и Капетанот на Капетанијата.

На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги преземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.

За утре (понеделник 20.11.2017) е закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина.

https://www.youtube.com/watch?v=qIi1xih1Ug4