Општина Охрид учествуваше на состанокот на управниот одбор на Унијата на општини

На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.

Во таа насока, општина Охрид со поддршка на општината Зејтинбурну ќе започне со разгледување на проектот „Изнајмување на паметни велосипеди“. Општината Зејтинбурну, ќе даде логистичка поддршка при скенирањето на условите.

Доколку индикаторите од скенирањето бидат позитивни, проектот ќе се реализира со што градот за прв пат ќе добие модерен еколошки превоз.