29/03/2024
Охрид

Општинската зграда осветлена во црвено по повод Денот на хемофилијата

Со осветлување на општинската зграда во црвено, општина Охрид синоќа се вклучи во одбележувањето на 17-ти април, Светскиот ден на хемофилија. Со „Light it up Red” настанот организиран од здружението „Хемолог“ се настојува да се крене јавната свест и во нашава земја за хемофилијата и коагулопатиите.

По повод одбележувањето на 17-ти април синоќа во црвено светеа и други објекти во државава меѓу кои: Арехеолошкиот музеј на Македонија, фонтаната Воин на коњ, неколку спомен обележја во Прилеп и зградата на АЕК .

Во Светот повеќе од 70 значајни објекти, спомен обележја и зданија се осветлени во црвено меѓу кои, водопадите на Нијагара, мостот на Сан Франциско, Трафалгер плоштадот во Лондон и многу други.