28/03/2024
Македонија

Оскаровецот Роџер Дикинс е лауреат на Златна камера 300 за животно дело на фестивалот “Браќа Манаки“

Оскаровецот Роџер Дикинс е лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки, кое од 22 до 29 септември ќе се одржи во Битола…

Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на која директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, најави уште едно богато издание со бројни содржини и новитети. На средбата со новинарите беа претставени и креативните решенија за годинешното издание на Фестивалот, како и новиот слоган кој гласи: „Hats Off“ („Симнуваме капа“), во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите, градот Битола и публиката.

Беше најавено дека од ова издание се зголемува бројот на фестивалски програми, и оваа година ќе бидат вкупно 14. Годинава има и нови селектори на филмските програми: Марија Џиџева на документарната програма, Даријан Пејовски и Марија Апчевска, како селектори на кратките филмови, како и Слаѓан Пенев, кој ја селектираше програмата „Европски перспективи“.