Осмодекемвриски концерт во ОМУ „Методи Патче“

Во рамки на чествувањата за 8-ми Декември „Св.Климент Охридски“ – Патрон на Охрид, синоќа во ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, се одржа осмодекемвриски музички концерт на учениците од ова училиште.

Учениците под менторство на своите професори, со посебно одбрана музичка програма се претставија пред присутните.