20/04/2024
Македонија

Основана е Балканска мрежа за борба против дезинформации која се залага за прекугранична соработка

Девет организации од пет држави на Балканот  (Северна Македонија, Албанија, Грција, Косово и Србија) денеска го одбележаа 2 април, Меѓународниот ден за проверка на факти со објавување на основањето на Балканската мрежа за борба против дезинформации (АДН – Балкан).

АДН-Балкан служи како основа за соработка помеѓу граѓанските организации, медиумите, едукативните институции и сите други релевантни чинители со цел да се формира широк фронт за борба против дезинформациите преку афирмирање на највисоките стандарди на проверка на фактите и сите други етички принципи на професионално новинарство, како и промовирање на медиумска писменост и критичко размислување.

Членките основачи објавија декларација со која се потврдува слободата на изразување во разни форми, истакнувајќи ја ситуацијата на Балканот за која е потребен дополнителен фокус на борбата со дезинформациите на регионално ниво, особено преку-граничното дезинформирање, како и на зајакнувањето на граѓаните преку нивна едукација и поставување на нивните вистински потреби како приоритет во работата на медиумите.

АДН-Балкан се разви постепено преку билатерална и мултилатерална соработка на нејзините членки основачи. Соработката се интензивираше во последните две години како одговор на зголеменото ниво на дезинформации во регионот, вклучително, но не и ограничено на развојот на неформалната мрежа на дописници како дел од проектот „Негување на подобрени медиумски стандарди“ поддржан од НЕД.

Мрежата е отворена за соработка со сите субјекти кои работат во регионот и кои се придржуваат кон принципите содржани во нејзината декларација за основање. Содржината на Декларацијата е достапна на следниот линк:

https://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/osnovana-e-balkanska-mrezha-za-borba-protiv-dezinformacii-koja-se-zalaga-za-prekugranichna-sorabotka/