19/04/2024
Охрид

Основци од „Братство – Единство“ имаа незаборавно дружење во Ски центарот Нижо Поле

Учениците од IV до IX одделние од централната зграда ОУ „Братство – Единство “ Охрид во согласност со родителите, денес реализираа вон-наставна активност, односно го посетија Ски центарот Нижо Поле.
 
„Имавме незаборавен ден, топол чај и храна за сите. Учениците се вратија со убави впечатоци, воодушевени од убавините на природата во зима и игрите на снег: заедничко дружење, играње, смеење, пеење, натпреварување.“- велат од ОУ „Братство – Единство“.
 
Оттаму додават дека на учениците им се потребни и вакви вон наставни активности.

WebOhrid