18/04/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти Сите во Охρид“

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти Сите за Охрид“ дел од учениците од училиштето „Григор Прличев“ зедоа учество и допринесоа за подобра атмосфера во градот. Под менторство на учителките Мери Димзовска учениците од II 2 и Фанче Наумоска од V 2 одделение го разубавија денот со одлично подготвените ритмички точки, соло во свирење на хармоника, рецитал.