29/03/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ освоија бронзен медал на Mеѓународниот натпревар ASEF во Тирана

На Mеѓународниот натпревар ASEF кој се одржа во Тирана Р. Албанија на 21. И 22. 02. 2020 година учениците од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид Климент Симоноски VII³ одделение и Даријан Славкоски VII³ одделение во категоријата роботика под менторство на наставникот Благоја Ристески освоија бронзен медал.

Повеќе инфо:

АSEF (ALBANIAN SCIENCE & ENGINEERING FAIR)

АSEF ( САЕМ НА АЛБАНСКА НАУКА И ИНЖИЊЕРСТВО)

ЦЕЛ: АSEF е наменет за ученици од возрасна група од 10 -18 години

Има за цел:

  • да ги открие и подобри вештините на учење како и изработките на учениците
  • да ги научи на основните истражувачки методологии и научни методи
  • да ги научи на основни вештини на пишување и презентација
  • да ја развие свеста на општествено, еколошко и едукативно ниво

АSEF визија

Организаторите на АSEF веруваат дека преку едукаторите треба да ги поттикнат учениците кои ќе понудат готови решенија со цел подобрување на вештините од 21 век.