20/04/2024
Охрид

Основци од „Кочо Рацин“ дел од Глобалниот проект за соработка, фокусиран на иновации и одржливост

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид под менторство на наставничката Виолета Петковска и од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје,  под менторство на наставничката Маја Виденовик, учествуваа на Глобалниот, светски проект ориентиран за соработка, фокусиран на иновации и одржливост. На настанот учествуваат ученици од 6 континенти, 460 училишта од 85 земји. 

Проектот кој започна од 16ти април, ќе трае до 16 ти мај 2018 година.

„Учениците се фокусираат на темата, истражуваат, креираат, дискутираат, креираат видео или презентација која ја споделуваат на веб-сајт. На овој начин учат на 2 нивоа од сопствената училница и од нивните глобални врсници. Недела 1-Што е иновација? Недела 2-Кои иновации го прават светот поиновативен? Како користиме ИКТ алатки на иновативен начин? Недела 4-Скајп поврзување-Поради тиме зоната-Ние ја заменивме со заедничка SWAY презентација на учениците од Кочо Рацин и ученици од Канада и учителката Kimberly, со нив цела недела разменувавме информации и ресурси, секој во својата училница ги гледаше активностите од врсниците.“– вели Виолета Петковска, одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид.