19/04/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ презентираа новогодишни изработки

Учениците од шестите и осмите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ Охрид организираа Новогодишен базар. Имено, покрај одделенските предновогодишни приредби, овие ученици во соработка со родителите и наставниците денес (27.12.2019) успеаја барем за момент дна поинаков начин да ја испратат годинава што изминува и да ја навестат идната.

Учениците презентираа свои изработки пред останатите ученици и вработени во училиштето, настанот беше реализиран во пријатна атмосфера, а новогодишната музика само ја подобри комуникацијата меѓу присутните. Овие настани ја зацврстуваат и подобруваат соработката помеѓу возрасните, сè со цел учениците –нашите деца да израснат во здрави личности.

Од ОУ „Григор Прличев“ изразуваат благодарност за учениците кои несебично се вклучија во настанот, како и до сите присутни.