Основците од „Григор Прличев“ дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Зошто да стоиме настрана и да бидеме пасивни и неуки набљудувачи, кога можеме со мал гест, позитивна мисла и енергија да бидеме дел од едукативната кампања: „Ги запознаваме ретките болести“.

Учениците од одделенска настава при ОУ „Григор Прличев“ –Охрид заедно со наставниците кои им предаваат се вклучија со низа активности за ширење и поддршка на оваа кампања.

Шарените дланки од хартија, обоените дланки, постерите … се само дел од детската подадена рака. Чувството на заедништво, прифаќањето и помагањето се темел на секоја личност.

This slideshow requires JavaScript.