Оштетена дел од новогодишната опрема

Ноќеска падна една од канделабрите до која беше поставен засебен столб, на кој беше монтирана дел од новогодишната опрема, поточно чадорите на потегот кон Чинарот.

„Нашите служби излегоа веднаш на терен и се пристапи кон санирање на овој проблем. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои доведоа до овој немил настан, во кој за среќа, нема повредени лица, а е причинета само материјална штета.“ – информираат од Локалната самоуправа.