20/04/2024
Охрид

Оштетени автоматите за наплата на јавните тоалети

Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад  Т.Ц.АМАМ.

И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба.