20/04/2024
Дебрца

Осум новороденчиња добија еднократна парична помош од Општина Дебрца

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес потпиша осум решенија за доделување субвенции за новороденчиња во општина Дебрца, согласно новиот Правилник за доделување еднократна парична помош од Буџетот на општината.

Субвенциите претходно беа одобрени и од Комисијата за финансирање и буџет на советот на општината.

„Четири мајки родилки, кои се невработени, добија субвенција во износ од по 10.000 денари, а четири мајки родилки, кои се вработени добија по 6.000 денари или вкупно се доделени 64.000 денари. Новороденчињата да се живи и здрави, нека е за арно и да се множат.“- напиша Ногачески на својот Фејсбук профил.

WebOhrid