29/03/2024
ОхридСпорт

Откажан годинешниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2020“

Почитувани граѓани, спортисти, фудбалери, љубители на спортот.

Поради прогласената пандемија на коронавирусот (Ковид-19) од страна на Светската здравствена организација (СЗО) принудени сме да го откажеме организирањето и реализацијата на овогодинешниот турнир во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2020”.

Се надеваме дека оваа наша одлука ќе наиде на разбирање кај пошироката јавност.

Ви посакуваме да останете живи и здрави и во добро расположение.

Спортски поздрав! ⚽️

– Организационен одбор на турнир во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ”