24/04/2024
Дебрца

Отслужена литургија и осветен нов конак во манастирот „Сите Светии“ во Лешани

Денес, во првата недела по Педесетница – Неделата на сите светии, во манастирот „Сите светии“ („Сисвети“) во Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Ѓорѓи Лапоски и Никола Христоски, еромонахот Вартоломеј, настојател на манастирот, свештеникот Александар Димоски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиески и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Петар се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое се задржа на подвигот на светиите и улогата на Светиот Дух во водењето на Црквата Христова. Потоа беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а беше осветен и камен темелник за нов манастирски конак. 

sisveti2018 1sisveti2018 2sisveti2018 3sisveti2018 4sisveti2018 5sisveti2018 6sisveti2018 7sisveti2018 8sisveti2018 9sisveti2018 10sisveti2018 11sisveti2018 12sisveti2018 13sisveti2018 14sisveti2018 15sisveti2018 16sisveti2018 17sisveti2018 18sisveti2018 19