28/03/2024
Охрид

Отслужена литургија по повод празникот Св. апостол Тимотеј

Денес, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиец, а по повод именденот на архиерејот и духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј му подели нафора на присутниот верен народ.