29/03/2024
Охрид

Отслужена литургија во храмот Св.вмч.Ѓорги за Крстопоклона недела

Денес, во Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Пред започнувањето на Литургијата, според црковниот устав, насреде храмот беше изнесен чесниот и животворен Крст, пред кого сите верници се поклонија и го целиваа, како поткрепа и утеха, потсетувајќи нѐ на доброволните страданија на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, та следејќи Го, и ние без тага и униние, да го земеме својот Крст и да тргнеме по Неговите стапки. Зашто само преку Крстот, може да дојдеме и до славното воскресение.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.