Отслужена литургија за празникот Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денес, во Осумнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. мч-ца Софија и нејзините три ќерки: Вера, Надеж и Љубов, во катедралниот храм „Св. Софија“ беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијтата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

This slideshow requires JavaScript.