28/03/2024
Охрид

Отслужена литургија за Прва недела од Великиот пост

Денес, во Првата недела од Великиот пост, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.