19/04/2024
МакедонијаСтруга

Отслужена света архиерејска литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга

Денес на денот на споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петар Бојчиноски, Павел Крцоски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон верниот струшки народ.