18/04/2024
Охрид

Отслужена света архиерејска Василиева Литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид

На овој торжествен и радосен ден, на празникот на светлото Рождество Христово – Божик, на 07.01.2018 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во кое заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, им го честита празникот на сите верни чеда на нашата света црква.