28/03/2024
Охрид

Отслужена света литургија за празникот Светите Козма и Дамјан

По повод празникот посветен на Светите Козма и Дамјан, денес во храмот „Св. Врачи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.