16/04/2024
Охрид

Отслужена света литургија во црквата Св.Софија за празникот Благоец

Денес, во Четвртата недела од Великиот пост и на празникот Благовештение на Пресвета Владичица наша Богородица, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештениците Кирил Јованоски, Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата, Митрополитот Тимотеј го произведе во протоерејски чин свештеникот Кирил Јованоски, како заслуга за неговата долгогодишна свештеничка дејност, која отец Кирил ја извршува ревносно и со страв Божји. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа.