28/03/2024
Охрид

Отслужена света литургија во храмот „Пресвета Богодорица“ во Охрид

Денес, на  денот кога го прославуваме свештениот спомен на св. ап. Лука и на св. Константин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица – Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.