19/04/2024
Охрид

Отслужена света литургија за празникот Св.Архангел Михаил

Денес во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на празникот Собор на свети архангел Михаил и на другите бесплотни сили, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештеникот Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.