25/04/2024
Македонија

Отслужена вечерна богослужба и света архиерејска литургија за Свети Наум Охридски

Празнувањето на споменот на преподобниот Наум Охридски Чудотворец, започна на 04.01.2018 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Празнувањето продолжи на 05.01.2018 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Александар Димоски и Сашо Целески, еромонахот Наум и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.