28/03/2024
Македонија

Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“

Во присуство на многубројни поети од земјава и од странство, синоќа во  Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“  во  Тетово свечено беше отворено 22. издание на традиционалниот Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“.

minister_nastan_1

На отворањето, присутните ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми, кој упати честитки до раководството за досегашниот постигнат успех и додаде дека Фестивалот, кој го носи името на големиот поет, писател и преведувач Наим Фрашери, е од особено значење за градот Тетово каде што во наредните денови ќе се чуе гласот на поетите и ќе се почувствува нивната инспирација.

minister_nastan_2

„Посакувам уште многу успешни изданија на Фестивалот, а на присутните поети им пожелувам пријатен престој и успешно претставување на годинашното издание. Да се чуе гласот на поетите, да се почувствува поетската инспирација и да се прослават музите што во нашиот град Тетово имаме фестивал на поезијата “, порача министерот Адеми.

Годинашен лауреат на Фестивалот е Beat Brechbuhl.