23/04/2024
Македонија

Отворен ден во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

По повод светскиот ден на театарот (27 март) на големата сцена во Mакедонски народен театар со почеток во 21 часот ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ …

За сите љубители на театарот, кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, изведбата ќе може да ја погледнат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на претставата.

Пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака, која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев, и четирите светски пораки на Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на театарската куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на Слоновата Коска од Африка.