16/04/2024
Дебрца

Отворена 29-тата Ликовна колонија Дебрца 2013

Вечерва во селото Белчишта се одржа церемонијата на отварање на дваесет и деветата по ред Меѓународна ликовна колонија Дебрца 2013-та.

Oваа реномирана ликовна колонија која е со децениска традиција за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој во своето обраќање истакна дека долгата традиција на колонијата и нејзиното високо реноме обврзува кон неа да се однесуваме со поголема одговорност, а меѓународниот карактер на истата пак отвора шанси, малата рурална општина да се претстави пред светот.

На годинешната колонија ќе творат 12 уметници од 4 земји. Тие во Дебрца ќе останат 10 дена, а нивните дела потоа ќе бидат изложени во галеријата на Општината.

После церемонијата на отворање беше изведен мал перформанс со традиционалната гајда.