Отворено писмо на претседателот на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Петар Колев

Од мое лично име, но и од името на ГДУ, сакам да ја изразам нашата огромна благодарност кон нашите лекари, полицајци и припадници на армијата, како и кон сите служби за спасување, безбедност и сите инволвирани во борбата против ова зло Ковид-19.

Би сакал најдлабоко и искрено да се заблагодарам и на сите професионални возачи на камиони, продавачи во супермаркети, аптекари, работници во пекари, производствени капацитети за храна, за струја, вода и сите инволвирани во овие тешки моменти кои со огромен ризик за своето здравје продолжуваат со работа за ние денес да можеме да живееме спокојно и да немаме криза за храна, струја, вода, горива итн. Почитувани сограѓани, вие сте нашите херои, вие сте луѓето кои во овој момент сте спасителите на Македонија и на секој еден од нас!

Нашето општество има долг кон вас и тоа е вистината.

Ви се поклонувам на храброста и длабоко ви се заблагодарувам!

Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ.