28/03/2024
Писма/Колумни

Отворено писмо: Никој, не ги носи гласовите во торба, за со нив да прави пазар

Мојот народ, Египќаните, како ранлива етничка заедница која е крајно маргинализирана и институционална неинтегрирана, секогаш е на удар на одредени центри на политичка моќ, и истите недолично се третирани како граѓани кои треба да исплнат одредена бројка. И, во минатото, а уште повеке и сега, ќе се најде некој кој ќе истакне дека наводно ,„тој ги контролирал гласовите на Египќаните“ што е грубо кршење на човековите права и слободи на мојот народ. Едноставно, Египќаните за срека повеке не се необразован етникум, напротив имаме силна тенденција на образован кадар и никој не може да манипулира со гласовите на Египканите, а се со цел да има лична корист. Овие, недемократски компоненти ги нотирав на средбите со највлијателните Амбасадори во Македонија и побарав да се заштитат Египќаните.

Крајно некорекно и би истакнал нечовечки и дрско е, некој да се повика дека наводно ги контролира гласовите на Египќаните. Никој, апсолутно никој не ги носи на торба тие гласови, па да му послужат за пазарење на политичкиот пазар. Апелирам, нека ги остават граѓаните кои се фактор на ранлива категорија, мегу кои се и Египќаните и на наредните избори да гласаат пос вое лично убедување, без никакви закани, уцени или слични недемократски методи, бидејки за се ќе бидат известени и ОБСЕ и целиот Меѓународен фактор, а во тој случај не можеме да имаме слободни, кредибилни, фер и демократски избори.

Со почит, Демир Далип – лидер на НГИ „Коалиција на Египќани“

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.