ОУ „Дебрца“ ја одбележува Детската недела

Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.

И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела.

„Денес градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас.

Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.“ – изјави градоначалникот Ногачески, по средбата со учениците од ОУ “Дебрца”.