16/04/2024
Охрид

ОУ „Кочо Рацин“ Охрид дел од Глобалниот светски проект

Од 1ви до 31 октомври се одржа Глобалниот Светски проект (the Climate Action project). Дел од овој проект беа и две училишта од Македонија, меѓу кое и ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид со наставничката Виолета Петковска.

За овој инспиративен глобален проект, 250 училишта од над 69 земји од 6 континенти соработуваа на теми за климатските промени во текот на четири возбудливи недели. Учениците спроведоа истражување, размислуваа и разговараа за идеи, ги презентираа и ги споделија своите сознанија за овие теми преку видеа и онлајн презентации.

 Активностите на сите учесници ги поддржаа познати светски личности и медиуми.

WebOhrid