20/04/2024
Охрид

ОУ „Кочо Рацин“ се вклучи во одбележувањето на Месецот на ретките болести

ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, со повеќе активности се вклучи во одбележувањето на Месецот на ретките болести.

„Во соработка со Гордана Лолеска и оваа година се вклучивме со повеќе активности во Месецот на ретките болести. Активности за поддршка на I-1 и учителката Виолета Петковска, од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид. Пред учениците се одржа Презентација – Запознавање со поимот ретки болести и кои се тие, изработка на информативна книга, изработка на  LoopBook – Боeње на лица и раце.“- вели Петковска.