29/03/2024
Охрид

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец домаќин на меѓународен натпревар по англиски и германски јазик

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, овој викенд беше домаќин на Меѓународeн натпревар по англиски, германски и француски јазик – WILLKOMMEN. Овој натпревар е дел од проектот „Со знаење низ Европа“, со цел да се популаризира учењето на странските јазици во основните и средните училишта.

На натпреварот учествуваа ученици од Охрид, од V – IX одделение и се натпреваруваа по англиски и германски јазик, каде беа тестирани нивните јазични вештини – читање и пишување. Натпреварот го организираа и технички подготвија наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и наставничката по германски јазик Жаклина П. Митковска, а информираат дека на сите ученици кои учествуваа ќе им бидат доделени меѓународни сертификати за познавање на странскиот јазик во кој се натпреваруваа.

Willkommen натпреварот се реализира во ист ден во Црна Гора, Хрватска, Р. Српска, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, и во нашата држава Србија, а нам како училиште навистина ни е драго што бевме дел од овој меѓународен проект, кој од година во година има сѐ поголем број на учесници и партнери.

Резултатите од овој меѓународен натпревар се очекуваат во рок од 30 дена, а учениците кои ќе победат имаат можност да добијат убави награди, патување во Виена, речници, граматики, медаљи, сертификати или потврди за учество.

Тимот за организирање на овој натпревар и вработените од ОУ „Ванчо Николески“ на сите ученици учесници им посакуваат успех, како и желба да продолжат со својата љубов кон учење и негување странски јазици.