25/04/2024
Охрид

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти утре ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, утре (вторник, 20-ти март), со почеток во 18:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето.

На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, а ќе биде отворена и ликовна изложба.

Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди.

Од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на свечената прослава и заеднички да го одбележат патрониот празник на училиштето.

ОУ „Живко Чинго“, Велгошти годинава одбележува 142 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.

WebOhrid