29/03/2024
Спорт

Пад за едно место за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место и моментално се наоѓа на 74 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Конго со +8 места се искачи на 88 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Египет од -13 места која се најде на 43 место.

WebOhrid