19/04/2024
Струга

Пајак возилата започнуваат со акција низ Струга

Од денес во Струга ќе стапат во акција пајак возилата.

„Несоодветното паркирање е многу чест феномен во градот Струга, но со мобилизирање на пајак возилата ова ќе се смени. Мобилизирањето на пајак возилата е со единствена цел да се воспостави ред во градскиот собраќај.“ – информираат од канцеларијата за односи со јавност при Општина Струга.