28/03/2024
Охрид

Пецаков: Бараме разгледување на проблемите кои настанаа при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид бара разгледување на проблемите кои настанаа при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 како и предлог-мерки за нивно надминување.

„Затоа, денес од Советот на општина Охрид како највисок орган на општина Охрид бараме да го надополни дневниот ред со оваа точка и истата заради итноста да се разгледува како прва точка на дневен ред.

​Со цел операционализација на активностите на општина Охрид и во услови кога гледаме дека раководството на локалната самоуправа несериозно пристапува кон надминување на оваа состојба, ги предлагаме следните заклучоци:

  1. В.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески веднаш, усно на самата седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотресите
  2. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Основното јавно обвинителство во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;
  3. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Секторот за внатрешни работи во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;
  4. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе ја извести Владата на Република Македонија за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;
  5. Се задолжува В.д. Градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред.

​Во изминатиов период до ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа определени информации од кои може да се утврди дека постојат многу сомнителни активности со исплатите на проценетите штети предизвикани од земјотресите во 2017 година.

​Како одговорна политичка партија, а сè со цел да ги потврдиме нашите индиции, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до општина Охрид доставивме барање за информации од јавен карактер, со кое побаравме да добиеме информации за нашите сомнежи и соодветна пропратна документација поврзана со случајов.

​Од тој момент раководната структура во општина Охрид отпочна постапки со цел расчистување на настанатата состојба во однос на испплата на штетите.

​Од нашите информации кои се јавно достапни прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Кој знае колкава ќе беше штетатата на општина Охрид и Буџетот на Република Македонија и какви се’ не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем.

​И во периодот потоа, очигледна е збунетоста и нерешителноста на раководството на локалната самоуправа и надлежните институции за надминување на оваа состојба.

​Отворено се сомневаме и во направените проценки на штети и исплатата на високи штети кај одредени високи структури ангажирани во локалната самоуправа во Охрид.

​Сето ова нè наведува на тоа да се сомневаме за направени огромни штети на буџетот на Република Македонија.

​Од тие причини бараме денес Советот на општината да го надополни дневниот ред со цел надминување на проблемот во интерес на граѓаните.

​Советот има надлежност и мора да го разгледа овој проблем како донесувач и чувар на буџетот на општина Охрид.“ – истакна советникот Кирил Пецаков.